Камен во бубрег – како да си помогнете?

112

Оние кои барем еднаш имале проблем со камен во бубрег, знаат колку болка може да предизвика таа состојба, особено доколку каменот е заглавен во каналите што ги поврзуваат бубрезите со мочниот меур. Овој проблем може да се јави и кај мажите и кај жените.

Што претставуваат камења во бубрег?

Станува збор за минерали во форма на калциум кои се таложат во бубрезите и можат да формираат мали камчиња. Камењата можат да останат во бубрезите неколку недели, месеци, па дури и години, без да се почувствуваат некои посебни симптоми. Но, ако ја промени позицијата може да предизвика силни болки во грбот или половината, како и крвава урина.

Во таква ситуација, лекарите ќе се обидат на пациентите да им го олеснат исфрлањето на каменот со внесување на многу течности, но и аналгетици коишто треба да ја ублажат болката. Но, постојат и камења коишто поради големината или специфичното место на коешто се заглавени, не можат да се извадат по природен пат и за нив е неопходна операција.

Постојат и одредени природни препарати и лекови што можат да помогнат лесно да се исфрлат камењата од бубрезите. Главна состојка е лимонот. Тој ја зголемува киселоста на урината и полесно го раствора калциумот во бубрезите на природен начин. Магдоносот, исто така, е важен природен препарат, бидејќи важи за природен диуретик. Тој помага организмот да се ослободи од вишокот течности. Медот е важен природен аналгетик што може да ги смири болките.

Ако имате проблеми од ваква природа, тогаш препорачливо е да внесувате многу течности во текот на целиот ден.