Неговото величество – јаболков оцет

96

Јаболковиот оцет се добива при ферментација на сок од јаболка. Во текот на процесот на ферментирање, природните шеќери од јаболката се разложуваат со помош на бактерии. Најпрво настанува алкохол, а потоа и оцет. Се препорачува да се користи природен јаболков оцет без дополнителни додатоци.

За да го почувствувате благотворното дејство на јаболковиот оцет, доволно е две лажички оцет да растворите во млака вода, а потоа да додадете и малку мед. Ваквата мешавина, освен што е вкусна, помага при болки во грлото, подобрено варење, ја подобрува циркулацијата, работата на бубрезите и крвните садови.

Јаболковиот оцет го намалува нивото на крвниот притисок, а се препорачува и за оние кои сакаат да ослабат.