Што е уринарна инконтиненција?

110

Уринарната инконтиненција може да се опише како неможност да се контролира процесот на ослободување на урина.

Оваа појава на неможност да се задржи урината, може да се појави во три случаи:

Премногу активен или хиперкативен мочен меур предизвикува интензивен нагон за мокрење

Напорна физичка активност, кашлање, кивање, па дури и смеењето вршат притисок врз мочниот меур

Третиот случај е кога мочниот меум не се празни доволно, па доаѓа до испуштање урина.

Инконтиненцијата на урина може да биде предизвикан и од ослабување на мускулната структура на мочниот меур, зголемување на простата кај мажите, менопауза кај жените, оштетување на нервите, камења во бубрезите, инфекции и слично.

Доколку се соочувате со ваков проблем, можете на природен начин да си помогнете.  Внесувајте повеќе магнезиум, посебно и ако чувствувате грчеви во нозете. Магнезиумот е важен за опуштање на мускулите во телото, а со опуштање на мочниот меур ќе можете целосно да го испразните.

Витаминот Д, исто така, може да се користи за контрола на уринарна инконтиненција бидејќи помага да се одржува силата на мускулите. Студиите покажуваат дека жените со повисоко ниво на витамин Д имаат помал ризик од развој на ова пореметување. Затоа, повеќе пресојувајте на сонце и јадете хана богата со овој витамин.