Прокељ и зелка – двајца сојузници за силен имунитет

143

На сите ни се потребни повеќе витамини и минерали со коишто полесно ќе го зајакнеме имунитетот.

Според експертите, прокељот и зелката се два силни сојузници кога станува збор за здрав и силен организам.

Прокељот е богат со витамин Е, антиоксиданси, цинк, магнезиум, железо, фолна киселина. Постојат безброј едноставни рецепти што ги вклучуваат овие “минијатурни“, но моќни зелки, па затоа уште денеска вклучете ги во вашата исхрана ако сакате да бидете здрави во текот на зимските денови.

Зелката важи за зеленчук богат со витамин Ц, како и со витамините Б и Е, а изобилува и со магнезиум и калциум. Може да ја подготвувате свежа во вид на салати и традиционални варива, но и кисела. Киселата е посебно актуелно во овие зимски денови, па дозволете ѝ да си го најде заслуженото место на вашата трпеза.