Сакате чевли со високи потпетици? Со овој трик откријте дали се удобни

98

Купувањето на чевли со високи потпетици може да биде вистински предизвик, особено ако чевлите се многу високи, а вие треба подолго време да сте на нив.

Сепак, постои еден трик што за неколку секунди ќе открие дали потпетиците се удобни или не. Оддалеченоста меѓу ѓонот и петата ќе покаже дали чевлите се удобни. Па така, ако оддалеченоста меѓу нив е помала од 7,5 сантиметри, чевлите нема да бидат удобни без разлика на висината на потпетиците.

Колку оддалеченоста е пократка, тоа е поголем притисокот на стапалото и прстите на нозете со што се зголемува неудобноста и болката.