Ве фати грч… што да направите?

76

Податоците велат дека околу 40% од луѓето имаат проблем со грчеви во нозете. Овие потешкотии најчесто ги чувствуваат спортистите, жените, трудниците и постарите лица.

Често се случува грчевите да се појават преку ноќ и да го расипат сонот. Колку и да трае, грчот е многу непријатен додека не помине.

Грчевите може да се јават при поголема физичка работа, рамни стапала, проблеми со циркулација, при пиење лекови против астма или за намалување на холестеролот.

Меѓу советите што можат да ви помогнат, ако имате грчеви се:

Добро да ги истегнете мускулите

Се препорачува туширање поради промена на температурата со што се забрзува циркулацијата

Внесувајте магнезиум бидејќи е познат како анти стрес минерал, којшто активира повеќе од 300 ензими што овозможуваат враќање на енергијата.