Како да ја одржите постигнатата тежина?

113

Ако некогаш сте држеле диета или сте биле на некој посебен режим на исхрана, сигурно сте се соочиле со предизвици не само додека траел тој период, туку и потоа. Едно од прашањата што сте си ги поставувале сигурно било како да ја одржите добиената телесна тежина и да немате потреба повторно да се навраќате на диетите.

Овие неколку совети ќе ви помогнат во тоа да не ги вратите килограмите, веднаш штом ја прекинете диетата.

Почитувајте ги правилата што ви помогнаа да ослабнете – најважно е да знаете дека мора да продолжите да ги почитувате правилата коишто биле дел од диетата, а значат поголема дисциплина, редовно внесување на потребните материи, како и динамика на оброците.

Не ја заборавајте на физичката активност – сите вежби, жртвување, самодисциплина… би биле залудни ако не продолжите да бидете активни и по периодот откако ќе завршите со диетата. Затоа, практикувајте физичка активност, вежби, прошетки во природа и спортски активности.

Поддршка – ништо не се постигнува лесно ако немате силна верба, но и поддршка од блиските луѓе, бидејќи со нивна помош ќе можете да истраете и да ги остварите посакуваните резултати.