Шест моќни ефекти од пливањето врз телото и умот

34

За да ги постигнете максимални придобивки од пливањето, неопходно е да пливате три пати неделно.

Без разлика колку години имате, постои една универзална „тајна“ за добро физичко и ментално здравје – пливањето.

Оваа активност не само што ви обезбедува тренинг за целото тело, туку може да ви помогне и да се справите со депресијата, бидејќи пливањето предизвикува лачење на ендорфин, хормонот кој е одговорен за позитивните мисли и чувства.

1. Подобар капацитет на белите дробови

Редовното пливање е одличен начин за зајакнување на белите дробови. Всушност, студиите велат дека во тоа пливањето е подобро и од јогата! Тоа е резултат на фактот дека пливањето ја зголемува еластичноста на мускулите во белите дробови и градите.

2. Ги зајакнува зглобовите

Додека пливате, не чувствувате дури 90% од вашата тежина, така што оваа вежба е идеална за луѓе кои страдаат од болка во зглобовите предизвикана, на пример, од артритис. Ова дополнително значи дека редовното пливање ќе помогне да се намали ризикот од влошување на болеста затоа што мускулите ќе имаат редовно вежбање, вклучувајќи ги и оние околу зглобовите и ќе станат посилни.

3. Прав и здрав грб

Ако страдате од хронична болка во грбот, пливањето ќе ви помогне затоа што изградува силни грбни мускули.

4. Послабо тело

Пливањето три пати неделно е одличен начин да согорите уште повеќе калории додека истовремено ги зајакнувате мускулите. За време на 30-минутното пливање, ќе согорите дури 500 калории, што е двојно повеќе од бројот на калории согорени за време на една прошетка.

5. Бавно стареење

Студиите покажаа дека луѓето кои три пати неделно препливуваат од 3 до 4,5 км го забавуваат процесот на стареење и изгледаат помлади и по неколку неколку децении.

6. Подобро спиење

Пливањето прави чуда и за вашиот ум и за спиењето. Докажано е дека пливањето е еден од најдобрите начини за лекување на несоница. Но пливањето е одлично и за лекување на некои психолошки проблеми, бидејќи овозможува релаксација и активација на целото тело, со што лошите мисли се отргнуваат додека телото ужива во водените бранови.