Физичка активност што ќе ви го продолжи животот

116

Ако мислите или планирате да го трчате својот прв маратон, треба да знаете дека трчањето  може да го забави стареењето. Имено, студиите покажуваат дека трчањето маратон може да ви овозможи да живеете четири години подолго. Секако трчањето е добро за вашето здравје, а истражувачите тоа и го докажаа.

Анализирани биле 138 здрави учесници кои го трчале нивниот прв маратон во 2016 и 2017 година. Истражувачите започнале да им го мерат крвниот притисок шест месеци пред маратонот, а потоа и три недели по негово завршување. Со тренинзите и трчањето на учесниците забележително било намалувањето на крвниот притисок.

Во суштина, откако го истрчале својот прв маратон учесниците имале низок крвен притисок и поздраво срце.

Фото: Pexels