Шолја кафе против главоболка

16

Кафето, освен што е магичен напиток за почеток на денот, според клиничките истражувања во Илиноис го намалува интензитетот и зачестеноста на главоболката. Во едно од истражувањата, на една од две групи испитаници со главоболка им било дадено кафе, а на другата кафе и ибупрофен. Во првата група 58% пријавиле ослободување од болката, а во втората 70%.

Освен кафето, ефикасен во борба против главоболки е и чајот од ѓумбир. Ја забрзува циркулацијата и ја ослободува затегнатоста во вратот и мускулатурата.