Бомбици со сирење и маслинки

22

Направете вкусни бомбици со сирење и маслинки

СОСТОЈКИ:
250 гр. маслинки
250 гр. сирење
малку магдонос
50 гр. маргарин
100 гр. ореви
сол и зачини
ПОДГОТОВКА:
Се мелат оревите, се сече магдоносот и маслинките.
Се мати маргаринот да биде пенаст, па се става сирење и се продолжува со матење, се ставаат ореви и магдонос, па се ставаат маслинки.
Се меша и се прават бомбици со додавање зачини по избор.
Издекорирајте со сусам.