Дали и колку се штетни електронските цигари?

153

Познато е дека тутунот предизвикува сериозни проблеми со здравјето на луѓето, а меѓу поопасните состојби е карциномот на бели дробови.

Многу луѓе го поврзуваат ракот на бели дробови со пушењето и тоа со право. Од оваа болест годишно умираат голем број луѓе. Меѓу симптомите што можат да сигнализираат вакво заболување е долготрајна кашлица и отежнато дишење проследени со општа слабост на организмот. Исто така, како симптоми се јавува и губење на тежина и чувство на конфузност.

Сите овие симптоми ги загрижуваат пушачите и тоа со полно право. Некои од нив решаваат засекогаш да ја напуштат таа лоша навика, но има некои кои не можат така лесно да се откажат, па бараат други алтернативи. Една од нив се електронските цигари. Но, во последно време се направени повеќе истражувања што покажуваат дека овие цигари имаат голем потенцијал опасен по животот на луѓето.

Иако многу луѓе, голем процент од нив припадници на помладата популација, веруваа дека електронската цигара е здрава замена за тутунот, податоците ја побиваат нивната теза.

Една студија вели дека електронските цигари се дури 10 пати поопасни, па луѓето кои ги користат треба да бидат претпазливи или целосно да се откажат од нив.