Овие растенија ќе го прочистат и облагородат воздухот во домот

151

Дали ви се случува да не можете да се одморите како што треба додека сте дома? Ако направите промена во воздухот во домот би можеле да го решите тој проблем.

Овие растенија би можеле да ви помогнат атмосферата во домот да биде посмирувачка, а вие да се чувствувате релаксирано и пријатно.

Алое вера – ова растение ослободува голема количина на кислород, помага при нарушување на сонот и со негова помош ќе си помогнете и ќе станете порелаксирани додека сте дома. Според NASA, ова растение е едно од најдобрите за подобрување на квалитетот на воздухот во затворени простории. Исто така, не бара голема изложеност на дневна светлина и не бара многу вода.

Лаванда – уште едно растение што овозможува да се чувствувате опуштено и релаксирано во домот, а влијае и на намалување на напнатоста и стресот. Се верува дека смирувачкиот ефект на лавандата може да го почувствуваат и новороденчињата.

Некои веруваат дека растенијата во домот се само за негов поубав изглед, но освен естетскиот ефект, тие имаат и други придобивки. Па, ако сакате на домот да му дадете малку свежина, чист воздух, смиреност… тогаш земете си некое од овие растенија.