Природни извори на пробиотици за вегани

46

Пробиотиците се многу важни за здравјето. Тие го одржуваат балансот во дигестивниот систем, а тоа ја стимулира работата на имунолошкиот систем. Добрите бактерии ги подобруваат заштитните механизми на телото и штитат од инфекции, воспаленија и различни болести.

Еден од најдобрите извори на пробиотици е јогуртот. Се разбира, тоа не е единствениот богат производ со корисни бактерии.

Ако сте веган сепак јогуртот и воопшто млечните производи нема да влегуваат во исхраната. Од каде тогаш да си набавите пробиотици?

Кисела зелка
Киселата зелка е одличен извор на пробиотици, соодветен за вегани. Киселата храна содржи големи количини на добрите бактерии, што ги прави исклучително корисни.

Комбуха
Комбухата содржи киселински бактерии кои предизвикуваат ферментациони процеси. Така пијалакот се наситува со природни пробиотици, од кои можете да искористите без разлика дали сте вегетан или не.

Алтернативни млека
Млекото може да се прави и од алтернативни извори како бадемите, на пример. Тоа може да се поткавсува на тој начин што се постигнува неверојатниот ефект како на јогуртот, но од растително потекло.
Соино и конопово млеко исто така се прекрасна опција.

Маслинки
Маслинките се богати со пробиотици. Освен тоа се заситени со омега-3 масни киселини, што ги прави исклучително корисни за здравјето на кардиоваскуларниот систем и во борбата со дијабетесот, дебелината, очни болести.