Ким – моќен сојузник во борбата против вишокот килограми

116

Некои од најскромните зачини може да бидат неверојатен извор на здравје. Малкумина претпоставуваат дека ситното семе од ким може да биде ваш верен помошник за слабеење.

Студија објавена во магазинот Complementary Therapies in Clinical Practice беше прва што го откри големиот потенцијал на семето од ким за диети. Користењето на овој зачин може да ви помогне побрзо да изгубите тежина, а влијае позитивно на маснотиите во организмот и ги намалува штетните липиди во крвта.

Ирански научници од Универзитетот за медицински науки Shahid Sadoughi вклучија 88 жени со прекумерна тежина, pоделени во две групи. Жените во првата група јадеа три грама ким во прав измешан со пет грама јогурт, додека втората консумираше само јогурт без никакви додатоци. Двете групи, во исто време, добија и совети за исхрана и го намалија дневниот внес за 500 калории.

Истражувањето траело три месеци, а параметрите на жените биле мерени пред и после тој период. Податоците покажуваат дека жените кои јаделе ким изгубиле 1,4 килограми повеќе за разлика од оние кои не внесувале ким во секојдневната исхрана.

Уште поимпресивен е податокот дека жените од првата група успеаја да го намалат процентот на масти за 14,64%, што е скоро три пати повеќе од втората група, каде процентот е 4,91. Жените кои на дневна основа внесуваа ким, исто така, имаа намалено ниво на вкупен холестерол, триглицериди и лош холестерол, додека во исто време се забележува зголемување на нивото на добриот холестерол.

Истражувањето покажа и дека жените кои секојдневно консумираа ким имаа поголемо намалување на индексот на телесна маса и обем на струкот.

Сигурно се прашувате од каде доаѓа чудотворната моќ на кимот? Тој е богат со антиоксиданси и фитостероли. Фитостеролите се природни супстанци од растително потекло. Тие спречуваат апсорпција на лош холестерол во дигестивниот тракт, што може да се земе како објаснување за ефектот што предизвикува намалување на телесната тежина.

Некои клинички испитувања покажуваат дека внесување на храна збогатена со најмалку 0,8 грама растителни стероли го намалува нивото на лош холестерол во крвта.

Кимот, исто така, се поврзува и со превенција од рак. Семето од ким е одличен извор на железо и ја поддржува работата на имунолошкиот систем.

Како да го консумирате кимот?

Во истражувањето беа користени околу три грама мелен ким, што е помалку од една лажичка. Освен како мешавина од ким и јогурт, може да направите и некоја друга комбинација што ќе го вклучи овој моќен зачин во вашата диета:

  • Додадете мелен ким на печен зеленчук или во сос од зеленчук
  • Користете го кога правите хумус или гвакамоле
  • Направете си топол напиток така што ќе зовриете семиња од ким во вода и ќе го оставите околу 10 минути.
  • Направете мешавина од ким со јаткасти плодови или други здрави грицки
  • Користете го како зачин во супи
  • Сварете интегрален ориз и интензивирајте го вкусот со ким

Постојат десетина различни зачини коишто можат да бидат ваши сојузници во борбата против вишокот килограми. Може да направите пијалак од мед и цимет, да користите кокосово масло или јаболков оцет.