“Непробојно“ кафе што ќе ве ослободи од вишокот килограми

131

Ако имате вишок килограми од кои сакате да се ослободите, а во исто време сте љубител на кафе, овој рецепт ќе ви биде добредојден.

Станува збор за мешавина од путер, кафе и масло. Иако можеби не делува примамливо, сепак овие состојки се ефикасни и како мешавина даваат убав вкус. Оние кои го пробале тврдат дека е многу вкусно и потсетува на макијато.

Ова кафе што се прави за една минута е изум на бизнисменот Дејв Аспреј. Тој го нарекол bulletproof или “непробојно“ кафе. Иако е калорично, наводно прави чуда при слабеење.

Една шолја од вакво кафе содржи од 200 до 500 калории и од 45 до 65 грама незаситени масти. Служи и како замена за оброк, а по негово консумирање не се чувствува глад во следните три часа. Исто така, го пролонгира делувањето на кофеинот, па може да помогне човек да остане буден до шест часа.

Оригиналната верзија на ова кафе е направена од зрна кафе со помалку токсини, несолен путер добиен од крави кои биле хранети само со трева и кокосово масло. Малку е тешко да се пронајдат вакви состојки за да се направи кафето, но постојат и други комбинации.

Еден од рецептите што е наједноставен за правење на ова “непробојно“ кафе е:

  • Една лажичка Nescafe,
  • Половина лажица какао или неколку капки екстракт од ванила
  • Еден децилитар млеко од бадеми
  • Еден децилитар вода
  • Една лажица органско кокосово масло.

Најпрво се ставаат кафето и какаото или ванилата во шолја и се додава водата. Потоа измешајте ги и додадете го млекото. На крајот додадете го кокосовото масло.

Запаметете дека овој пијалак е замена за оброк, па ако го пиете со нешто за јадење, тогаш може да качите некој килограм повеќе.