Магичен напиток од две состојки што ги топи маснотиите

104

Доколку имате проблем со вишок килограми, мака мачите со маснотиите, тогаш подгответе го овој лесен напиток. Исто така, се препорачува да се пие по обилен и тежок ручек, како и додека држите диета.

Потребни се само две состојки, што се лесно достапни и ги имате во домот во секое време.

За пијалакот ќе ви бидат потребни 400 грама целер и килограм лимони. Изрендајте го целерот и додадете го во два литри вода заедно со малку кора од лимон. Варете околу 20 минути, а откако ќе проврие, оставете го да се излади околу пет до шест часа. Во меѓувреме, исцедете го сокот од лимоните и додадете го во водата во којашто се вареше целерот. Процедете ја течноста и ставете ја во стаклено шише.

Пијте од овој пијалак пред јадење три пати на ден. Пијте околу 100 милилитри или растворете го во вода. Остатокот чувајте го во фрижидер.