Мед и цимет – природно решение за многу проблеми

103

Во традиционалната кинеска медицина, посебно место има мешавината од мед и цимет. Таа има долга традиција, а се користи како природно решение, за голем број проблеми. Добро знаеме колку придобивки во себе има медот, а циметот е еден од најпочитуваните и најубави зачини на планетата.

Оваа магична мешавина може да ја користите за:

Настинка – ако се борите со настинка, болки во грлото, засипнатост и затнат нос, се зема една лажичка мед со цимет три дена.

Грип – медот содржи активни состојки што се вистински борци против инфекциите и успешно може да се справат со болните симптоми што ги носи грипот.

Го намалува лошиот холестерол – ако имате проблем со лошиот холестерол, тогаш можете во шолја чај да ставите две лажички мед и три мали лажички цимет. Истражувањата покажале дека оваа мешавина може да го намали нивото на холестерол во крвта за два часа.

Воспаление на зглобови – ако имате силни болки во зглобовите, може да си направите напиток од чаша топла вода во којашто ќе ставите две лажици мед и една лажичка цимет. Доволно е оваа мешавина да ја пиете два пати на ден, наутро и навечер.

Болки во стомакот или чир – за ублажување на стомачните болки, користете мед и цимет.

Проблеми со кожата – мешавината од мед и цимет може да смири воспалителни процеси на кожата, па можете да ја нанесете на лицето пред спиење и наутро да го измиете со млака вода.

Мешавината од мед и цимет може да помогне и да биде ефикасна и за намалување на тежината, проблеми со срцето и желудникот.