Бидете маж со стил: Откопчајте го најдолното копче од сакото

128

Кога носите сако, обрнете внимание најдолното копче секогаш да ви биде откопчано. Ова е можеби едно од најважните модни правила што треба да ги почитуваат сите мажи.

Па така, ако сакото има три копчиња, понекогаш може да ги закопчате првото и второто, но никогаш најдолното копче. Денес, оделата најчесто имаат по две копчиња, се препорачува да го закопчате само првото.

Доколку носите откопчано сако, тогаш оставате впечатокот на неформално, но ако сите копчиња се закопчани, тоа не изгледа воопшто убаво и затоа не се препорачува.

Ако одите на состанок, вечера и слично, пред да седнете, откопчајте го сакото бидејќи нема да ви биде неудобно, а кога ќе станете повторно закопчајте се.