Вкусни урми полнети со ф’стаци

4

Подгответе едноставен, вкусен и здрав десерт.

СОСТОЈКИ:
200 гр урми
75 гр ф’стаци
50 гр шеќер
30 гр путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со остар нож засечете ги урмите по должина и внимателно извадете ги коските. Ф’стаците ситно исечкајте ги и измешајте ги со 40 гр шеќер, најдобро во блендер. Додајте путер, добро измешајте.

Урмите наполнете ги со крем од ф’стаци, посипете со остатокот од шеќер и оставете во фрижидер до сервирање.