Прва помош при напад на паника

104

Нападите на паника може да бидат страшно искуство за лицата коишто ги доживуваат, но исто толку тешко може да им биде и на оние кои ќе се најдат во непосредна близина.

Со помош на овие совети, можете да им пружите помош и поддршка на лицата кои доживуваат напад на паника.

Експертите советуваат да останете мирни. Иако е тешко да се остане прибран кога некој доживува напад на паника. Затоа, не покажувајте страв, туку обидете се да ја смирите ситуацијата и да покажете цврстина, што на другото лице му е повеќе од неопходна во тој момент.

Иако нападите на паника не се опасни и по некое време исчезнуваат, сепак не треба да се занемарат. Сакајќи да ја смирите ситуацијата, може да погрешите, па затоа избегнувајте ги овие фрази: “Немој да преувеличуваш“, “па, и не е толку страшно“ или “немој да се преправаш“.

Наместо тоа, во тонот на вашиот глас нека препознаат столб на којшто би сакале да се потпрат во момент на криза. Затоа, повторувајте ги овие зборови: “заедно ќе го надминеме ова“, “диши длабоко и сè ќе биде добро“.

Ако работите излегуваат од контрола, тогаш консултирајте се со некој експерт што ќе ви даде техники коишто ќе ви помогнат полесно да ги совладате непријатностите што ги носи нападот.