Сите го допираме ова во ресторан, а на него има над 11.000 бактерии!

7

Веројатно сте слушнале дека менито е една од највалканите нешта во ресторанот и може да содржи околу 185.000 бактерии. Интересно, но втората највалкана работа во ресторан не е тоалетот, туку е на вашата трпеза.

Пред да посегнете по него, размислете колку луѓе го допреле предметот пред вас. Дали изгледа чисто? Дали површината е леплива? За жал, не е невообичаено рестораните понекогаш да ја превидат чистотата на садот за бибер. Истото важи и за садовите за сол, шеќер, оцет, но се чини дека тој за бибер е во предност во однос на бројот на бактерии што се наоѓаат на него.

Според истражувањето спроведено од ABC News, во садот со бибер има во просек околу 11.600 бактерии.

“Повеќето од овие предмети се бришат само ако изгледаат валкано, па дури и тогаш само со крпа што ја имаат вработените“, објасни Џонас Стиклер, директор на ConsumerSafety.org, додавајќи: “И додека во одредени ресторани овие предмети се полнат и бришат, ретко се дезинфицираат и правилно се чистат“.

Друга страшна причина, продолжува Стикерс, е тоа што родителите, со цел да ги смират своите деца во ресторанот, честопати им дозволуваат да си играат со овие предмети за време на оброците. Тоа би значело дека оброкот може да биде покриен со сè што е на раката на детето, а ние знаеме дека тие сакаат да ги туркаат насекаде.

“Дури и оние луѓе кои не користат сол и бибер за да го подобрат вкусот на храната, сигурно ќе ги преместат тие предмети околу масата, и тоа е нешто за што треба да се размислува денес, кога сè е во знакот на коронавирус, а наскоро и грипот“, додаде тој.