Слушајте музика додека возите

90

Ако вашиот ритам на живот подразбира седнување во автомобил и возење низ градскиот метеж, тогаш сигурно тоа ви одзема многу енергија, но и ви предизвикува стрес.

Затоа, експертите советуваат кога ќе седнете во автомобил, вклучете го моторот, ставете појас и пуштете ја омилената музика. Истражувањата покажуваат дека слушањето инструментална музика може да го ублажи стресот во текот на возењето низ градските улици.

Нивото на стрес при возење се мери со варијабилноста на срцевиот ритам, па колку е поголемо нивото на неизвесност, така срцето на возачот забрзано чука. Ако во тој момент, во автомобилот има инструментална или некоја друга пријатна музика, параметрите се смируваат, а стресот значително се намалува.