Едноставни вежби кои можете да ги правите во канцеларија

10

Вежбите се едноставни, не земаат многу време за да е направат.Тие три минути влијаат на намалување на стресот (целиот стрес од денот се собира во вратот и рамениците), релаксација на мускулите, опуштање на телото, и доколку успееме да се изолираме од надворешните влијанија, ви го релаксираат умот и смируваат мислите. На тој начин влијаеме на продуктивноста, ефикасноста и креативноста.

Еден од најважните елементи на вежбите е дишењето. Сите движења мора да се прават во релација на дишењето, (а не обратно). Вториот важен елемент е фокусот. Додека ги правите вежбите фокусирајте се на движењата и местата каде што го осеќате ефектот. Максимално дефокусирајте се од надворешните влијанија. Тоа значи, ако ви заѕвони телефон или некој колега ве праша нешто, ставете го на “игнор“. Само така ќе може да постигнете максимален ефект.

Типовите на вежби се многу едноставни и се прават седејќи на столче:

  1. Ротација на глава (неколку вдишувања и издишувања во лево, па не десно. Или обратно). Само ја ротирате главата на рамениците.
  2. Ротација на раменици: ги поставувате дланките на раменици и со вдишување ги подигнувате лактите (и пробувате да ги допрете) напред, а со издишување ги отвораме плеќите и ги спуштаме лактите надолу. И обратно.
  3. Истегнување на страна: ги подигате рацете високо горе и со издишување се истегнуваме на една страна. Вдишуваме горе, а потоа издишуваме и се истегнуваме на другата страна.