Како да се будите посреќни секој ден

10

Сакате наутро да се будите добро расположени? Во продолжение неколку начини што можат да ви помогнат утрото да ви почне подобро.

Поставете весела мелодија како аларм

Сменете ја мелодијата на вашиот аларм. Разбудете се со весела песна.

Протегнете се

Со истегнувањето на мускулите се испушта ендорфин и веќе ќе гледате попозитивно на денот.

Подгответе појадок

Подгответе си здрав оброк кој ќе ви ја даде потребната енергија и ќе ве разбуди. Појдете од правилото среќен стомак значи среќна личност.

Пуштете си музика

Направете си листа на омилените песни и пуштете си ја веднаш по будењето. Ова расонување нека ви биде секојдневна рутина.

Прочитајте мотивирачки цитат

Прочитајте некој инспирирачки цитат кој ќе ве мотивира го зграпчите денот.

Завесите и ролетните нека ви бидат полуотворени

Кога доаѓа есен и зима, секој зрак светлина е голем плус. Нашето расположение зависи и од временските услови, затоа секој сончев зрак ќе направи да се чувствуваме посреќно.

Подгответе се за следното утро претходната ноќ

Кога брзате да ги пронајдете своите клучеви, паричник, мобилен телефон, работните документи пред да појдете на работа, ќе придонесе да се чувствувате збунето и вознемирено. Потребни ви се десет минути од претходната ноќ за следното утро да се разбудите со помалку грижи.

Појдете во кревет еден час порано

Веројатно нема да заспиете веднаш, но кога ќе му дадете знак на вашето тело дека е време за сон, следното утро ќе се разбудите поодморени. Можеби и ќе се разбудите порано следното утро и ќе се чувствувате попродуктивни.

Не вечерајте пред да легнете

Избегнувајте да вечерате пред да појдете во кревет, бидејќи доцниот оброк може да влијае на сонот. Повеќе сон – посреќна личност.