Природни методи за лекување на воспаление на ушите

17

Ако некогаш сте се соочиле со инфекции на ушите, знаете колку непријатност создава. Оваа состојба е толку болна што може да предизвика вртоглавица. Иако лекарите често препишуваат антибиотици во овие случаи, ако често ги земате, тие можат да му наштетат на организмот и да создадат отпор, затоа природното решение постои како опција.

Топло-ладни облоги

Промената на температурата може значително да ја намали болката. Менувајте ја наизменично топлата и ладна облога во рок од 10 минути. Овој метод може да се примени и кај деца и за возрасни.

Маслиново масло

Ова масло е природен лек кој се користи со децении. Неговата текстура помага во намалување на болката предизвикана од насобран ушен восок, бидејќи со директната примена се омекнува и на крајот го елиминира вишокот на восок во увото.

Масажа  

Лесна масажа спречува понатамошен развој на болка. Притиснете нежно за да започнете масажа зад увото, продолжувајќи кон вратот. Овој метод помага во случаи кога е насобрана течност е во увото.

Ѓумбир

Ѓумбирот има моќ да ја намали болката, но и да ги елиминира инфекциите поради неговите антибиотски својства. Нанесете топол сок од ѓумбир околу надворешниот ушен канал, без да го ставате директно во увото. Повторете го овој процес неколку пати во текот на денот.

Спиење на грб

За време на третманот на воспаление, обидете се да не создадете дополнителен притисок врз болното подрачје. Спиењето на грб ќе ви користи во тој момент. Исто така користете дополнителни перници. Овие позиции ќе помогнат да се исцеди течноста од увото и да се намали болката.