Масло од рузмарин за подобра меморија и концентрација

16

Етеричното масло од рузмарин помага во зајакнувањето на долгорочната меморија и концентрација, покажуваат истражувањата на психолозите од британскиот универзитет во Нортамбрија.

Лекарите велат дека тоа откритие би можело да биде од голема помош за оние кои забораваат да го земат препишаниот лек и други важни информации.

Многубројните тестови потврдуваат дека етеричното масло од оваа билка ги зголемува шансите да се потсетите на нешто за дури 75%.

Марк Мош, главниот доктор во истражувањето, објаснува дека тимот за време на истражувањето се фокусирал на способноста на мозокот во одредено време да се присети на некои веќе закажани обврски, што е клучно за секојдневното функционирање.

Доволни се само неколку капки од ова масло да се распрскаат во воздухот, за рузмаринот да го постигне својот ефект. Во современата билна медицина, рузмаринот се користи и како благ аналгетик против мигрена и проблеми со варење.