Отстранете го забниот камен на природен начин

15

Забниот камен е тврда наслага што не само што лошо изгледа, туку и може да предизвика проблеми во усната шуплина.

Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои постојано го одбегнуваат стоматологот, тогаш пробајте ги овие природни начини за отстранување на забните наслаги.

За првиот рецепт ќе ви бидат потребни 30 грама лушпи од орев и малку вода. Лушпите се варат во тенџере со вода околу 15 минути, а потоа забите се четкаат со добиената течност наутро, напладне и навечер.

Друг начин за отстранување на забниот камен е со четири лажички семки од сончоглед, четири лажички цвет од липа и еден литар вода. Состојките прелиени со вода се варат половина час на тивок оган. Со добиената течност мијте ги забите после секој оброк.

Јаболковиот оцет исто така, може да се искористи за чистење на забните наслаги, но само еднаш неделно. Земете една голтка од оцетот и со четка тријте ги забите неколку минути, а потоа темелно исплакнете ја устата за да не се оштети забната глеѓ.