Седите со часови пред компјутер…

13

Вработените во канцеларии често пати ги мачат исти проблеми, неудобно седење, болки во грбот, вратот, нозете …

Еве неколку совети како да си помогнете ако припаѓате во оваа група луѓе.

Пред да седнете направете мали вежби за задните и стомачните мускули без преголемо оптоварување. Рамената истегнете ги наназад, а рацете нанапред.

Пилатес топките се одлични, па доколку располагате со таква не се двоумете да ја искористите за седење.

Телото треба да биде во природна положба, затоа не се трудете премногу да се исправате, но тоа не значи дека треба да седите згрбавени.

Користете го секој момент кога можете да станете и повторно протегнете се. Додека пишувате, обидете се да ја држите главата исправена и мониторот да биде во права линија со погледот.

Доколку не ви е пријатно, спуштете го мониторот малку надолу.

Ако стоите во место, кренете ја едната нога нагоре (наназад) и задржете ја неколку секунди. Истото направете го и со другата нога за да го намалите притисокот на грбот.