Не ја пијте водата што подолго време стоела во чаша

17

Сигурно сте забележале дека водата што неколку часа стоела во чаша има чуден вкус.

Водата, за разлика од храната, не содржи шеќери и белковини и затоа е полесно да се контаминира со микроби.

Поради тоа што е изложена на воздух водата впива мало количество на јаглерод диоксид, а дел од него се претвора во карбоксилна киселина. Тоа значи дека хемискиот состав на водата донекаде се менува.

Кога оваа киселина ќе испушти еден или два протони и истите ќе се претворат во бикарбонат или карбонат тогаш се намалува pH вредноста на водата и таа го менува вкусот.

Освен тоа, водата што со часови стоела во чаша исто така е изложена на бактерии и прашина.

Ова не значи дека водата е расипана, но поради сето горенаведено најдобро ќе биде да ставите свежа вода во чаша.