Тиквички – исклучително моќна намирница

16

Тиквичките содржат малку калории и многу хранливи материи. Одлични се за слабеење затоа што даваат чувство на ситост. Тие се голем извор на витамин Б и Ц, манган и калиум, а жолтите тиквички се богати со бета каротен.

Поголемиот дел од овие состојки се наоѓа во кората, па затоа немојте да ја лупите од младите плодови.

Конзумирањето на тиквички го снабдува организамот со потребните влакна, коишто го поттикнуваат варењето и ги чистат цревата од токсини, го регулираат шеќерот и холестеролот во крвта и го намалуваат апетитот.

Манганот е клучен за производство на пролин, аминокиселина којашто помага за формирање на колаген кој што ја прави кожата здрава и го забрзува зараснувањето на раните.