Зошто некои народи се повитки од другите?

15

Цел свет верува дека Французинките се витки, а облините на бразилските жени го привлекуваат вниманието на цела планета. Која е тајната на нивниот изглед?

Ви ги претставуваме причините поради кои некои народи имаат помалку проблеми со „епидемијата“ на дебелината, во однос на остатокот од светот.

Бразил: Тие конзумираат супернамирници речиси секојдневно.

Оризот и гравот се дел од секојдневието во Бразил. Бразилците знаат дека гравот е богат со комплексни јагленохидрати, протеини и антиоксиданси и дека тој го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Во комбинација со ориз, се доаѓа до аминокиселини, кои ги нема во гравот и на тој начин се добиваат целосни протеини.

Во споредба со типичниот западен начин на исхрана, диетата која првенствено содржи ориз и грав, го намалува ризикот од дебелеење за 14 проценти, покажаа последните истражувања.

Индија: Зачинот кари има посебна моќ.

Куркумата е позната по тоа што на индиското кари му дава жолта боја и благо лут вкус. Покрај тоа, овој зачин има голема улога во топењето на килограмите.

Истражувањето на универзитетот „Тафтс“ покажа дека куркуминот, активната состојка на куркумата, може да го спречи ширењето на масното ткиво и да го спречи растот на новите крвни садови потребни за тој тип на ткиво.

Друго истражување спроведено на Универзитетот во Бафало покажа дека овој зачин го регулира метаболизмот на липидите. Таквите резултати се добиени со експерименти врз животни, но научниците веруваат дека тоа важи и за луѓето.

Франција: Клучот не е секогаш во умереноста

Сите знаат дека Французинките ја одржуваат линијата така што се умерени во се. Сепак, таа умереност главно се однесува на внесувањето на сирење и месо. Овошјето и зеленчукот тие ги конзумираат во големи количини и во различни фази од животот.

Децата во Франција, веднаш штом ќе преминат на цврста храна, добиваат кашички од зеленчук. Родителите на овие деца напорно се трудат нивните деца да стекнат навика за повеќето видови на зеленчук, така што постојано ги хранат нивните деца со најразлични каши од зеленчук. Истражувањата покажаа дека храната која ќе ја пробаме десетина пати, има можност да ни се допадне.

Тајланд: Клучот е во лутото.

Чили пиперчињата се важна состојка во тајландската кујна. Во оваа земја, дури и обичната зелена салата може да ве изненади со нејзината лутина.

Поради состојката капсаицин, лутите пиперчиња се идеални за слабеење, при што поради лутината приморани сте побавно да јадете и навреме да забележите дека сте сити.

Јапонија: Секое јадење ги има „неговите пет минути“

Јапонците се долговечен народ за кој дебелината не е својствена. Иако не можеме сите да јадеме алги, риба или секој оброк да го преливаме со зелен чај, овој совет можеме да го примениме: во Јапонија секоја намирница, од скромниот ориз до печеното месо, се сервираат посебно. Одвојувањето на сите состојки од јадењето, покрај тоа што ќе ви овозможи да го вкусите секој вкус посебно, ќе ви овозможи и да изедете помалку.