сабота, 24 октомври, 2020
Почетна MyLife Вежбање во домашни услови или надвор

Вежбање во домашни услови или надвор

18
Вежбањето помага да останеме во добро физичко и ментално здравје.
Зошто е многу важно да имате физичка активност во овој период?
  • физичката активност ја подобрува работата на имунолошкиот систем
  • ќе ве заштити од зголемување на масните наслаги
  • го намалува стресот и анксиозноста
  • го подобрува квалитетот на сонот

За оние кои сакаат вежби за обликување на телото во домашни услови или надвор во природа подготвив одлични, а едноставни тренинзи.

Кружен тренинг за цело тело во домашни услови со минимум реквизити

  1. Jumping Jack – 1 минута
  2. Вежба клекнување
  3. Вежба исчекор во место/наназад
  4. Склекови
  5. Бицепс прегиб
  6. Пропаѓање за трицепс (може да го изведете на стол)
  7. Веслање за грб со еднорачни тегови
  8. Летање во страна (за рамо)
  9. Страничен пленк
  10. Подигнување на прави нозе (вежба за долна стомачна мускулатура)

Секоја вежба се изведува 10-15 повторувања, без одмор помеѓу вежбите. Потрудете се да направите што повеќе сетови.

Тренинг во природа

  1. Качување на клупа/карпа/скали
  2. Склекови со подигнати нозе
  3. Клекнување со сопствена тежина
  4. Склекови за трицепс (споени дланки и лакти припрени до тело)
  5. Исчекор во движење/место
  6. Згибови со широк фат пред глава (на гранка, шипка)
  7. Пленк
  8. Згибови со обратен тесен фат (за бицепс, на гранка, шипка)
  9. Длабок претклон со прави колена

Секоја вежба изведете ја во 3 серии по 10-15 повторувања. Одморот помеѓу сериите нека биде што пократок од 30 секунди до 1 минута.