Како да се чувствувате добро после породување

113

Породувањето претставува среќен крај на деветмесечниот период на развој на плодот во утробата на мајката. Тој чин ја прави новата мајка најсреќна на целиот свет, но во исто време и збунета, несигурна и кревка. За тоа се виновни хормоните, но и самата помисла за тоа какви промени ќе донесе приновата.

Затоа, овие совети ќе им помогнат на сите мајки како да се чувствуваат удобно во сопствената кожа после породувањето.

Не бидете строги кон самите

Не очекувајте дека веднаш ќе застанете на свои нозе и сè ќе се врати во нормала само штом се вратите од болница со бебето. Бидете смирени и уживајте во моментите поминати со вашето детенце. Не се плашете од стравовите што ќе ги почувствувате, бидејќи нема да бидете единствената, но важно е да останете здрава и смирена што на вашето бебенце ќе му биде корисно.

Бидете со блиските и побарајте помош од нив

Не е воопшто себично ако побарате некој од вашите блиски да ви направи ручек, да ги здипли алиштата или да го причува бебето додека вие одвоите малку време за себе. Ослободете се со еден пријатен туш, којшто ќе ви помогне да се смирите, да се одморите и да соберете доволно енергија да му се посветите на вашето малечко.

Не се губете себеси во борбата да го “пораснете“ вашето дете

Имајте на ум дека децата растат многу брзо, па не се оптоварувајте со мисли како ќе биде, што ќе се случува понатаму. Едноставно, колку и да е тешко и невозможно, уживајте во моментот кога сте со вашето малечко, подарете му ја целата љубов и топлина. Иако се многу мали бебињата ја чувствуваат вашата енергија, дали сте напнати, нервозни, среќни или опуштени.

Но, и во овие ситуации не се заборавајте себе. Одвојте време за себе барем пет минути. Испијте го омиленото кафе, погледнете епизода од омилената серија… Ако се грижите за себе, за сопственото здравје и ако ви е удобно во сопствената кожа, така ќе бидете и подобра за вашето бебенце.