Како сами да си направите крема против брчки?

139

Доколку сакате да ја негувате сопствената кожа, грижата треба да започне со здравиот начин на живот, а секој додаток може да биде добредојден доколку е на природна база и умерено се употребува.

За да си направите крема против брчки во домашни услови нема да ви бидат потребни многу скапи состојки.

Додадете глицерин во ист размер со вода, потоа додадете лажица мед и малку желатин. По желба, во смесата може да додадете и една здробена таблета аспирин. Штом ги соедините сите состојки, загрејте ја смесата на водена пареа една минута, а потоа изматете ги состојките за да добиете кремава структура.

Добиената крема ставете ја во посебен сад и чувајте на ја студено место.