Чај од кромид – природен напиток кој лекува многу болести

13

Кромидот во себе содржи многу корисни супстанци, а покрај тоа што се користи во исхраната, може да се користи и како лек.

Една главица кромид исецкајте ја на четири делови и прелијте ја со три шолји вода. Ако кромидот не е прскан, оставете го заедно со кората за да биде поефикасен. Потоа ставете го да се вари на тивок оган, додека половина од течноста не испари, а потоа исцедете и испијте го топол.

Вкусот на вака подготвен чај е сладок и пријатен, а по желба може дополнително да се заслади со мед.

Овој чај првенствено се пие против кашлање, а можете да го користите и за ублажување на главоболките, настинка и грип. Кај овие болести чајот во најголем број случаи доволно е да се пие 2-3 дена.

Инаку, чај од кромид користат и лица кои боледуваат од срце и астма, како и бронхитис. Исто така, добар е и за детоксикација и зајакнување на организмот.