За што е корисен јаворовиот сируп?

77

Еден од најпопуларните и најздрави засладувачи што се користат е јаворовиот сируп. Станува збор за 100% природен засладувач во облик на сируп, за којшто се знае дека е замена за шеќерот и е доста застапен во веганската исхрана.

Освен што е важен антиоксиданс, јаворовиот сируп спречува оштетување на ќелиите поради оксидативен стрес, ја подобрува работата на срцето, го подобрува машкото репродуктивно здравје и го зајакнува имунитетот.

Се користи и како арома или како индустриска суровина за колачи и бонбони, па може да се внесува во различни комбинации. Не содржи протеини, има 67 грама јаглени хидрати и 0,2 грама масти.