Факти за медот

77

Медот е производ на медоносните пчели кои собираат нектар од цветовите на растенијата, го преработуваат и го складираат во восочни ќелии каде што созрева медот.

Меѓу поважните факти за медот се:

Содржи 37 минерали (алуминиум, бор, железо, јод, калциум, силициум, магнезиум, манган, бакар, никел, калај, олово, цинк…), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, С, Н, А К, Е фолна киселина).

За еден килограм мед пчелите мора да посетат околу 10 милиони цветови и да направат над 120.000 летови.

Собраниот нектар, пчелите го чуваат во желудникот и така го транспортираат до кошниците.

Претворање на нектарот во мед е сложен физички, хемиски и физиолошки процес.

Кристализација на медот е природен физичко – хемски процес, но и покрај тоа, ги задржува сите хранливи и лековити особини, не менувајќи го својот состав. Кристализираниот мед може да се врати во течна состојба, со загревање со максимум 40 степени.

Најлош начин да се зема медот, како и препаратите со мед, е откако ќе се проголта и потоа да се напиете студена вода.