Хумус – здрав намаз богат со калциум и магнезиум

91

Иако станува збор за доста стар рецепт, хумусот на овие простори добива популарност во последните неколку години.

Традиционалниот хумус се добива од мелена леблебија, маслиново масло, таан (паста од сусам), лимонов сок и зачини. Се верува дека овој микс претставува намаз со богат нутритивен состав. Експертите сметаат дека оваа мешавина содржи калциум, фолна киселина и магнезиум. Намазот може да го користат луѓе кои имаат проблем со шеќер во крвта, кардиоваскуларни болести.

Хумусот, исто така, содржи здрави масти, белковини и влакна, што даваат чувство на ситост, што им е важно на оние кои внимаваат на килограмите. Во две лажички хумус има два грама протеини и еден грам влакна.