Лесни вежби за проверка на здравјето

16

Одвојте неколку минути и направете ги овие брзи тестови за проверка на општата здравствена состојба.

Бели дробови

Тест

Запалете свеќа и пробајте да ја изгаснете на растојание од 80 сантиметри. Ако не успеете, приближете ја и забележете на кое растојание сте ја изгаснале.

Проценка

На овој начин се тестира колкав е капацитетот на белите дробови. Што поголемо растојание, толку поголем капацитет. Од 80 до 100 сантиметри е просечно. Но доколку ви требаат помалку од 70 сантиметри за оваа вежба, тоа укажува на можно стеснување на дишните патишта или недоволно движење и слаба кондиција.

Срце

Тест

Со показалецот средниот прст и тој до него опипајте го пулсот на раката. Бројте ги отчукувањата 15 секунди. Помножете го бројот со четири и ќе ја добиете вредноста на пулсот во минута.

Проценка

Срцето е здраво ако пулсот добро се чувствува и ако има од 60 до 80 отчукувања во минута. Не треба да се грижите и доколку е вредноста нешто помала, на пример 50 или малку повисока како 100 отчукувања. Но, доколку пулсот едвај се чувствува, секогаш е забрзан или често се јавуваат прескокнувања, посетете лекар.

Тироидна жлезда

Тест

Земете голтка вода и задржете ја во уста. Навалете ја главата и голтнете ја водата. При тоа набљудувајте го вратот веднаш под гркланот и опипајте го тоа место со показалецот и палецот.

Проценка

Дали под гркланот забележувате изразено испакнување? Таквата формација може да биде знак на намалена функција на тироидната жлезда, а таа често се зголемува поради недостаток на јод. Доколку забележите значително испакнување/оток, треба да посетите лекар и да направите анализа на крвта.