Не правете го ова кога ќе се разбудите

22

Многумина го прават ова, а е тотално погрешно…

Доколку ви остане чаша со вода на масичката покрај креветот од ноќта, немојте да ја пиете утредента, ќе си направите услуга.

Обичната вода, за разлика од храната, не содржи шеќери ниту протеини, па поради тоа на микробите им е полесно да ја загадат. За чудниот вкус на водата која отстоила во чашата за време на ноќта постои објаснување.

Имено, како што водата била изложена на воздухот, апсорбирала малку јаглерод диоксид и дел од тој CO2 се претворил во јаглеродна киселина, што значи дека водата изложена на воздух го менува својот хемиски состав.

Кога јаглеродната киселина ќе отпушти еден или два протони и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува pH вредноста на водата, па поради тоа таа го менува вкусот.

Следниот пат кога ќе се фатите за чаша со вода која останала од минатата вечер на вашата масичка, сетете се дека била изложена на бактерии и дека во неа завршила и незанемарлива количина на прашина. Тоа не значи дека водата се расипала, но поради сето тоа што се собрало во неа за време на ноќта, ќе размислиме два пати дали да ја испиеме или не.