Германски народен лек што спречува срцев удар

123

Лошата исхрана и несоодветниот начин на живот оставаат длабоки последици врз здравјето на луѓето. Со текот на време крвните садови стануваат помалку еластични, а нивната внатрешност е обложена со холестерол. Ваквата состојба може да предуслови појава на одредени кардиолошки проблеми, што можат да имаат и фатални последици.

За да не го дозволите тоа, може да ви помогне лек од германската народна медицина, што се верува дека го подобрува здравјето и спречува појава на срцев удар.

За овој рецепт потребно е:

Четири лимони

Парче ѓумбир

Два литри вода

Пет чешниња лук

Две лажици мед

Добро измијте ги лимоните и сомелете ги заедно со кората. Истото направете го со ѓумбирот и лукот. Лимоните ставете ги во сад што се затвора. Водата нека зоврие, па изладете ја до 60 степени. Потоа во водата додадете го лукот, ѓумбирот и медот. Убаво измешајте ги сите состојки и ставете ги во садот со блендираниот лимот. Лекот е подготвен за консумирање два часа по подготовката.

Се препорачува да се зема два пати во денот по 100 милилитри, наутро и навечер, во период од три недели. Потоа се прави пауза од една недела, па се пие четири недели, но само наутро или навечер.

Првите резултати би можеле да се забележат за две недели.