Леб од банани – едноставен и вкусен рецепт

24

Лебот од банани во последно време ги освојува симпатиите на многу домаќинки, затоа што е лесен за подготовка, вкусен е и лесно се комбинира со други намирници, а притоа е здрав.

Потребни состојки:

Четири банани

125 грама путер

200 грама брашно

Две јајца

Лажица мед

Еден прашок за печиво

Едно пакетче ванилин шеќер

Пола шолја млеко

Изрендано темно чоколадо

Подготовка:

Изгмечете ги бананите, додадете го медот и ванилиниот шеќер. Во брашното додадете го пецивото, а во друг сад изматете ги јајцата со путерот. Полека соединувајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса што треба да ја печете во загреана рерна на 180 степени околу еден час.