Која е разликата меѓу лимон и лимета?

194

Лимонот е плод на зимзелено дрво што има потекло од Азија, додека лиметата е хибридно јужно овошје. Вообичаената форма на лимонот е елипсовидна и со светло жолта боја, додека лиметата е округла со зелена боја и помала по големина од лимонот.

И двете овошја се богати со витамин Ц, поточно 100 грама лимон содржи 53 милиграми витамин Ц, што е 64% од дневните потреби. Во 100 грама лимета може да се најдат 29 милиграми витамин Ц или 35% од потребната количина на витамин Ц на дневна основа.

Нивното користење е добро за здравјето, бидејќи и лимонот и лиметата се богати со железо, а имаат и влакна и малку калории, па се идеални за оние кои сакаат да ослабнат.