Кога е време за “генералка“ на организмот?

91

Организмот испраќа сигнали коишто не треба да ги занемаруваме. Ако сте биле изложени на некои штетни хемикалии, загаден воздух, мрсна храна, алкохол и слично, тогаш е време да препознаете некој од овие знаци што ги испраќа телото:

Постојано се чувствувате изморено

Хроничниот замор може да биде последица од долготрајна физичка или стресна работа. Но, ако и по неколкудневен одмор, повторно чувствувате како да сте работеле, во тој случај време е да се решите од токсините насобрани во телото.

Главоболки

Главоболките можат да бидат симптом со којшто телото ви укажува дека нешто не е во ред и време е да преземете нешто. Се верува дека присуството на отрови во организмот може да биде многу честа причина за појава на чести и долготрајни главоболки.

Болки во мускулите

Исто како и во случајот со хроничен замор, ако не сте работеле некоја тешка физичка работа или не сте вежбале, а чувствувате болка во мускулите, тогаш веднаш побарајте соодветен начин за природна детоксикација на телото.

Имате вишок килограми

Ако не внесувате многу здрава храна и намирници што важат за “чистачи“ на организмот од токсини, тогаш дури и ако јадете количински помалку, ќе забележите дека се здебелувате.