Едноставен десерт – мафини од тиква

116

Без разлика дали ќе одберете бела или жолта тиква, тие се подеднакво вкусни и хранливи, а придобивките од консумирањето на истите се и повеќе од одлични.
Нејзиниот плод е богат со вода, влакна, витамини и минерали, додека семето е богато со масла, протеини и минерали.

Тиквата содржи и антиоксиданси како бета-каротен и алфа-каротен, кои го намалуваат ризикот од рак, очни болести и ја штитат кожата од оштетување. Хранливите состојки, како витаминот А, може да го подобри имуниот систем, но и да помогне во борбата против инфекции. Тиквата е богата со витамин Ц кој се покажа дека го зголемува производството на бели крвни зрнца, помага на имунолошките клетки да работат поефективно и побрзо раните да зацелуваат. Тиквата содржи лутеин и зексантин кои можат да го заштитат вашиот вид.

Многу е добра за оние кои сакаат да ослабат, содржи многу малку калории. Добар извор е на влакна кои го намалуваат апетитот.

Во студените зимски денови подгответе си вкусен десерт од тиква.

Мафини од тиква:

  • 100 мл зејтин
  • 110гр. кафен шеќер
  • 2 јајца
  • 110гр. брашно
  • 1/2 лажиче прашак за пециво
  • 1 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче сол
  • 30 гр. исецкани урми
  • 140гр. изрендана тикваПодготовкаЗагрејте ја рерната на 190 степени. Со миксер изматете го зејтинот и шеќерот и додадете едно по едно јајце. Во друг сад ставете го брашното, пецивото, циметот и солта. Измешајте ја оваа смеса во смесата со јајца и додадете ги урмите и тиквата. Промешајте убаво и со лажица наполнете го плехот за мафини. Печете 20 – 30 минути.
    Наздравје!

    Фото: Pexels