Сакате чиа семе? Ова ќе се случи ако го има во вашето мени

131

Salvia hispanica е латинското име на растението кое кај нас познато како чиа семе. Има толку многу здравствени придобивки што е познато како семе на иднината. Потекнува од Јужно Мексико и Гватемала, а денес има широка корист како додаток во исхраната, како и за изработка на квалитетни пијалаци.

Во 100 грама чиа семе има:
27 гр масти
15 мг натриум
33 грама диететски влакна
4 грама протеини.
Корисното чиа семе ги задоволува 18% од дневните потреби за калциум, 27% од дневните потреби за фосфати и 30% од дневните потреби на организмот од магнезиум.

Треба да се спомне, дека нутритивниот, односно хранителниот состав на чиа семето е сличен со онај на лененото и сусамовото семе.

Семето од чиа може да се користи во исхраната како додаток во овесни каши, да се јаде со јогурт, како додаток во разни печива и на многу други начини. Семето кое е познато како семе на иднината и одлично за здравјето, помага за:

Здрава коса

Здрави заби

Помага при опстипација

Помага за губење на килограмите

Подобар сон

Го одржува здравјето на срцето

Го зголемува нивото на енергија

Го забавува стареењето

Фото:Pexels