Фрутаријанство – исхрана базирана само на овошје

128

Фрутаријанство подразбира исхрана заснована само на свежо овошје, со повремено внесување на јаткасти плодови и различни семки. Целта на овој начин на исхрана не е да се намали вишокот килограми, туку детоксикација на организмот.

Луѓето кои практикуваат фрутаријаство, велат дека тоа не е само начин на исхрана, туку и начин на живот. Се верува дека овој вид на исхрана подразбира 75% овошје и 25% семки, а се смета за облик на сирово веганство.

Фрутаријанството е популарно и меѓу многу познати личности. Стив Џобс, основачот на Apple, практикувал фрутаријанство. Актерот Ештон Качер, обидувајќи се да стане фрутаријанец, за потребите на филмот посветен на Џобс, завршил во болница.

Фрутаријанците во исхраната користат и овошје што погрешно е категоризирано како зеленчук. Тоа е случајот, на пример, со доматите, краставици, пиперките и авокадото.

Бидејќи од исхраната исклучуваат важни намирници, фрутаријанците често се соочуваат со ниско ниво на железо во организмот, како и недостиг од витамин Б12, што може да предизвика анемија и чувство на постојан замор. Поради ограничената храна, фрутаријанците имаат проблем со дисбаланс на хормони и проблеми со метаболизмот.