Како правилно се чува лебот

20

Лебот претставува скоро задолжителна намирница во секојдневната исхрана на еден просечен Македонец. Но, што треба да направите ако ви останува вишок и како да му ја задржите свежината и да не дозволите да се исуши или да мувлоса.

Најдобро е лебот е да го чувате во посебна кутија што нема да ја користите за нешто друго. Исто така, добро е да го завиткате во чиста кујнска крпа или платнена торба.

Избегнувајте да го ставате во пластична кеса, бидејќи така лебот може да стане како “гумен“.

Освен тоа, ако имате стар леб, тогаш може да го искористите за некој вкусен десерт или ужинка.