Рецепт за нега и побрзо растење на трепките

7

Густите и долги трепки придонесуваат за подобар изглед на окото и за заводлив поглед. Ако природата можеби не ве надарила со долги трепки, а не сакате вештачки, еве рецепт за нега и побрзо растење на трепките.

Ќе ви биде потребно празно и исчистено пакување на маскара или шишенце лак за нокти кое ќе го наполните со следнава смеса:

1/4 рицинусово масло

1/2 масло витамин Е

1/4 Алое вера гел.

Затворете го шишенцето и убаво протресете. Оваа смеса користете ја еден месец на тој начин што со стапчето маскара или со четкичката за лак ќе нанесувате на трепките секоја вечер пред спиење.

Рициновото масло делува на густината на трепките, витаминот Е го забрзува нивното растење, додека Алое верата ги продолжува.